Возилото во кое бил Меси за малку избегнало катастрофа низ улиците на Мајами (ВИДЕО)

Избегната трагедија во Мајами, во возилото во кое се наоѓал и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси. За малку неговиот автомобил ќе предизвикал судар, откако на крстосница поминал низ црвено.

Автомобилот на Меси бил во придружба на полицијата, а за среќа возачите кои имале право на минување, забавиле па избегната е голема трагедија.

Еден од најдобрите фудбалери го чека своето деби за Мајами на 21. јули оваа година против Круз Азул.

Се вчитува...