Вознемирувачка снимка: Леброн потполно полуде поради убиство на млад црнец (ВИДЕО)

Добро е познато дека Леброн Џејмс често се огласува преку социјалните мрежи истакнувајќи ги неправдите во американското општество кои им се нанесуваат на црномурестите лица.

Леброн тотално полуде, бурно реагирајќи и по видео-снимките со ладнокрвното убиство на 25-годишниот ненаоружан Афроамериканец Ахмад Арбери, кого додека џогирал го убиле татко и син со образложение дека мислеле дека ќе ги нападне. И двајцата за тоа не добиле ниту обвинение.

Убиството се случило во сојузната држава Џорџија. На сето тоа крајно емотивно реагираше Леброн Џејмс…

„Нас буквално не ловат секој ден, секогаш кога ќе ги напуштиме нашите домови. Не можеме да одиме ниту на едно проклето трчање. Мислам, кој к.., дали некој тука се зае.ава!? Жал ми е за Ахмад, почивај во мир, моите молитви и благослови одат на небото и за твоето семејство“ – напиша Леброн, со хаштаг „профилирани само затоа што сме црнци“.

 

Видеото од убиството го снимил возач кој случајно се затекнал на местото на злочинот. Снимката е навистина вознемирувачка.

 

Се вчитува...