Вознемирувачки снимки: Брутално претепан тенисерот Бернард Томиќ (ВИДЕО)

Австралиските медиуми пренесуваат вознемирувачки снимки од бруталното претепување на тенисерот Бернард Томиќ.

Во снимката од 16 секунди се гледа како двајца мажи се над Томиќ додека го шутираат и газат. Томиќ очајнички се обидува да ја заштити главата, пред еден од мажите да се обиде да го подигне од земја и врати на нозе.

„Канал 10“ пренесува дека видеото е снимено пред салон за тетовирање, иако од полицијата се уште немаа детали за инцидентот.

Се вчитува...