ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Брутално убиен полски навивач

Повеќегодишното екстремно навивачко насилство во полскиот град Краков викендов однесе уште една човечка жртва. Во округот Нова Хута брутално е убиен навивач на фудбалскиот клуб Хутник, кој се натпреварува во третата полска лига.

Според првичните информации од Полска, зад нападот стојат членови на навивачката група на Висла Краков. Неофицијалните извештаи и видео снимките од местото на настанот откриваат грозоморни детали. Кон несреќното момче била испукана светлечка ракета. Иако жртвата се обидела да побегне, паднала на сред улица. Веднаш потоа, неколку напаѓачи почнале брутално да го тепаат, оставајќи го беспомошно да лежи на асфалтот, каде што им подлегнал на повредите.

Полицијата веднаш презеде опсежни мерки и досега уапси 10 лица поврзани со овој свиреп чин. Истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани во новата трагедија што ја потресе полската јавност.

Се вчитува...