Вознемирувачко видео: Хорор повреда на фудбалер на Наполи, веднаш префрлен во клиника…

Албанскиот фудбалер од Наполи, Елсеид Хисај доживеа стравична повреда на натпреварот на неговиот тим против Торино кој во моментов се игра во 7. коло од Серија А.

Десниот бек на Наполи во 34. минута доживеа хорор повреда откако по скок падна на главата и вратот. Веднаш е префрлен во клиниката во Торино, па наредниве часови се очекуваат и подетални информации околу тежината на повредата.

Посакувањата на искрените љубители на спортот се повредата да биде далеку полесна од она што во моментов го сервираат вознемирувачките фотографии и видеа…

 

Се вчитува...