Легендарната данска тенисерка, 33-годишната Каролина Вознијацки доби вајлд-карта од организаторите на Австралија опен за учество на овој турнир.
Покрај неа, покани за настап на првиот Грен слем идната година добија и Кимберли Бирел, Оливија Гадецки, Тејла Престон, Џејмс Дакцорт, Марк Полманс и Адам Волтон, сите од Австралија.
Последен пат Вознијацки беше на терен на 3. септември оваа година, во 4. коло на УС Опен. Тогаш загуби од Коко Гау ф од САД и беше елиминирана.
Отвореното првенство на Австралија во 2024 година ќе се одржи од 14 до 28 јануари во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА