Каролина Вознијацки и Венус Вилијамс добија покани за учество на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС Опен.
Вознијацки се враќа на тенисот по две години во пензија. Таа стигна до финалето на УС Опен во 2009 и 2014 година.
Венус Вилијамс ги освои титулите во Њујорк во 2000 и 2001 година, а годинава поради повреда беше надвор од терените шест месеци. УС Опен започнува на 28. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА