Каролин Вознијацки приреди подвиг на својот камбек на тениската сцена откако во второто коло од УС Опен ја совлада фаворизираната Петра Квитова со 2-0 во сетови.
Вознијацки неколку години беше надвор од терените за да му се посвети на семејството, таа неодамна реши да му се врати на тенисот, а со големиот триумф над Квитова само потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Во прилог и одеше и слабиот настап на Квитова, која имаше дури 39 неизнудени грешки наспроти 13 на Вознијацки, што беше пресуден фактор за данската тенисерка да слави со конечни 7-5, 7-6. Нејзина следна противничка ќе биде Американката Брејди, која славеше над Линет од Полска со 2-1 во сетови.
На машкиот дел од турнирот, Фриц лесно и убедливо славеше со 3-0 над Варилјас од Перу, а настапот на УС Опен го продолжи и уште еден домашен миленик, Тиафо кој триумфираше со 3-1 над Офнер.
Настапот на овој гранслем турнир заврши и за петтиот носител Каспер Руд, кој загуби со 2-3 од Јапонецот Жанг. Кога го доби четвртиот сет со 6-0 и израмни на 2-2 во сетови се чинеше дека Руд ќе направи целосен пресврт, но Жанг се врати и со одлична игра во решавачкиот сет славеше со 2-3 и се пласираше во третото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА