Враќање низ времето на СЕХА: Асистенцијата „без гледање“ на Столе Стоилов

Паузата во СЕХА-лигата се уште трае, неизвесно е за кога ќе биде презакажан фајналфор турнирот што требаше да се одржи во Задар, па во меѓувреме медија-тимот објавува стари снимки со најдобри потези од изминатите сезони.

Денеска на „менито“ е една извонредна акција на Вардар на дербито со Загреб, и тоа од самите почетоци на СЕХА-лигата, додека „црвено-црните“ уште ги играа своите домашни натпревари во СРЦ „Кале“. Во главна улога – капитенот Столе Стоилов, кој со извонредна асистенција „без гледање“ ја исфрли од игра цела одбрана на Загреб и му овозможи на Добривоје Марковиќ рутински да реализира од крило.

Се вчитува...