Легендарниот голман на Италија и Јувентус денес официјално беше примен на „Патеката на славните“ на Италијанската фудбалска федерација. Новинарите на настанот ја искористија приликата да го прашаат актуелниот шеф на делегацијата на „Скуадра Аѕурите“ за гласините што го враќаат тренерот на Наполи , Антонио Конте, на чело на „Старата дама“, борбата за Скудетото и претстојното финале на Лигата на шампионите во кое ќе играат Интер и неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен.
Буфон кажа дека враќањето на Конте би било добро за Јувентус, но дека не може тоа да биде на едноставен начин, како што мислат поединци.
„Нормално е тренери како Конте да бидат поврзани со престижни клубови. Но, не е толку едноставно како што луѓето го претставуваат. Антонио не коментираше ништо и е фокусиран само на исполнување на својата мисија со Наполи. Сезоната е возбудлива и ќе има уште еден успех ако успее да го освои трофејот. Како што самиот Конте рече, Наполи ја фати коската и нема лесно да ја пушти. Исто така, комплименти до Интер за нивните достигнувања во Серија А и Лигата на шампионите. Уверен сум за финалето бидејќи Симоне Инзаги докажа дека знае како да се подготви за турнирските натпревари“, коментираше Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА