„Враќањето на спајдермен“ – Новак си удри сеир сам на себе (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во 3. коло на Вимблдон, откако славеше над Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6-3, 6-3 и 6-3. Популарниот Ноле по мечот сподели фотографија на социјалните мрежи на која напиша „Враќањето на Спајдермен“, нека почнат „мимовите“.

Србинот повторно неколку пати се лизгаше на централниот терен во „Ол ингланд“ клубот, а на една фотографија дефинитивно потсетува на пајак. Сепак, проблем со лизгање особено на централниот терен нема само Новак Ѓоковиќ, поради големата влажност во Лондон и бидејќи се уште тревата е нова во првата недела од турнирот, веќе поради повреда настапот го завршија Серена Вилијамс и Адријан Манарино.

 

Се вчитува...