Врањеш доживеа фијаско на ЕП, но си најде нов клуб во Бундес-лигата

Љубомир Врањеш доживеа фијаско на ЕП 2022 и ќе добие отказ како селектор на Словенија, но шведскиот стручњак во меѓувреме си договори нов клупски ангажман, и тоа во најсилната лига во светот.

Бундеслигашот Рајн Некар Левен веќе ги договорил условите за соработка со поранешниот стручњак на Фленсбург, кој во следните денови и официјално ќе го преземе кормилото на „лавовите“. РНЛ игра катастрофална сезона и моментно се наоѓа на единаесеттото место на табелата, а челниците на клубот се надеваат дека Врањеш ќе успее да го извлече максимумот од екипата.

Швеѓанецот имаше блескав старт на тренерската кариера, стигнувајќи до европска круна со Фленсбург во 2014 година, но потоа бележеше слаби резултати како тренер на Веспрем и на Кристијанштад, но и како селектор на Србија, Унгарија и последно, на селекцијата на Словенија.

Се вчитува...