Врањеш: Ги знаеме квалитетите, но и слабостите на Македонија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цанeвски

Словенците полни со самодоверба влегуваат во дуелот со Македонија на денешното отворање на ЕП 2022. Сепак, селекторот Љубомир Врањеш е свесен дека неговата репрезентација мора да игра на највисоко ниво доколку сака да ја совдата нашата национална селекција во Дебрецин.

Денешниот противник се соочи со проблем по пристигнувањето во Унгарија поради позитивниот тест на голманот Пањтар, но тоа не ја наруши атмосферата кај словенечките ракоемтари.

„Се подготвуваме за овој прв натпревар, немаме посериозни проблеми освен отсуството на Пањтар. Сите останати работат напорно и едвај го чекаме дуелот со Македонија, ривал што е тежок за нас. Ќе играме против квалитетна репрезентација, ќе бидеме подготвени за она што не очекува. Знаеме дека се добри во одбраната, дека имаат квалитетен голман, и секако тука е Кире Лазаров, еден од најискусните ракометари на шампионатот. Свесни сме за квалитетите на Македонија, но и за слабостите на денешниот ривал, така што ќе мораме да играме на највисоко ниво ако сакаме да победиме“, изјави Врањеш.

Се вчитува...