Врањеш го објави конечниот список за ЕП 2022

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Љубомир Врањеш го објави списокот на играчи кои ќе настапат на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.

Тој на шампионатот ќе замине со 19 ракометари, а во последен момент отпаднаа голманот Урбан Лесјак поради позитивен тест на коронавирус и средниот бек Рок Овничек поради повреда на рамото.

Словенија се наоѓа во групата А заедно со репрезентациите на Македонија, Црна Гора и Данска, а токму против нашата селекција ќе го отвори шампионатот на 13. јуни во Дебрецин.

Список Словенија ЕП 2022:

Голмани: Пантар, Кастелиц, Бажник

Леви крила: Соколич, Кодрин

Десни крила: Јанц, Маргуч

Пикери: Благотиншек, Сухолежник, Потеко

Леви бекови: Мачковшек, Левц, Хенигман

Средни бекови: Скубе, Зарабец, Макуц

Десни бекови: Грошељ, Доленец, Цехте

Се вчитува...