Врањеш удри и по Просинечки: За жалење си – гледаш со кого спијам, а не како играм

Сагата околу Огњен Врањеш и неговата врска со Јелена Карлеуша никако да заврши, откако фудбалерот од БиХ влезе во војна и со селекторот Роберт Просинечки откако беше избришан од списокот на националниот тим. Просинечки призна дека Врањеш секогаш бил беспрекорен професионалец кога бил дел од репрезентацијата, па фудбалерот сега го нападна селекторот поради погрешните приоритети поставени во репрезентацијата.

„Селекторот е за жалење, гледа со кого спијам, наместо да се грижи само како играм и дали секогаш го давам максимумот за репрезентацијата“ – изјави Врањеш за српскиот весник „Блиц“.

Сагата дефинитивно нема крај, дури и откако Врањеш прекина со Карлеуша…

Се вчитува...