Вратите на „Тодор Проески“ ќе бидат затворени половина час пред почетокот на мечот со Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Англија во последниот меч од квалиикациите за пласман на ЕВРО 2024 година.

Билетите за фудбалскиот спектакл се распродадени, а ФФМ даде и посебни инструкции за навивачите кои треба да се најдат на трибините.

„Сите билети се продадени, ве молиме да дојдете порано на арената „Тодор Проески“, вратите ќе бидат затварени 30 минути пред почетокот на натпреварот“, соопштија од ФФМ.

Се вчитува...