Вредноста на Нејмар падна за 70 милиони евра

Бразилецот Нејмар веќе не е најпосакуван фудбалер во светот. Тој во 2017 година за рекордни 222 милиони евра од Барселона направи трансфер во Пари Сен Жермен, но таму не успеа да го задржи нивото што го имаше во каталонскиот клуб. Најновите проценки на „фудбалската опсерваторија“ велат дека неговата вредност сега е падната за 70 милиони евра.

Нејмар имаше само 16 меча како стартер оваа сезона за ПСЖ во францускиот шампионат, долг период беше повреден, а го следат скандали и надвор од теренот. Токму поради ова неговата вредност сега изнесува 150 милиони евра. Пари Сен Жермен нема намера да го продаде, туку тренерот Томас Тухел во него гледа голем адут за освојување на ЛШ следната сезона.

Се вчитува...