Време е за дерби: Може ли Вардар да ја продолжи неизвесноста или Пелистер ќе ги реши сите дилеми околу шампионот

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар денеска во македонското „Ел класико“ на домашен терен ќе го дочекаат Е. Пелистер во натпревар од 8. коло во плеј-оф фазата во Суперлигата.

Битолчани играат одлично оваа пролет па максимално ги искористија киксовите на своите ривали и веќе сега имаат плус пет на првенствената табела. Филип Кузмановски  е еден од најголемите виновници за одличните партии на Пелистер и вели дека враќањето ви Битола бил вистински потег за него.

„Јас сум тука да преземам одговорност, но екипата е таа што ме прави за да бидам лидер. Се трудам да бидам посветен, живеам за ракометот и сакам да ја преземам таа лидерска улога. Враќањето во Битола беше вистински потег без никаков сомнеж, се чувствувам извонредно, одлично сум прифатен од сите. Сега засега се оди одлично, знаете дека тоа е мојот роден град, дека Пелистер е мојот матичен клуб, среќен сум што сум тука и од срце сакам да стигнеме до трофејот, сакам да славам титула со битолчани“, изјави Филип Кузмановски.

Од друга страна за „црвено-црните“ само победа е императив доколку сакаат се уште да останат во игра за титулата. Натпреварот меѓу Вардар и Е. Пелистер кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ е со почеток во 18 часот.

Се вчитува...