Денеска во култната „Ланксес Арена“ во Келн официјално започнува завршниот фајнал-фор (Ф4) турнир во ракометната Лига на шампиони за мажи. Четирите најдобри европски екипи во текот на овој викенд ќе ги одмерат силите за престижниот трофеј во две полуфинални репризи од претходните две финалиња.
Германскиот состав Магдебург влегува на турнирот со цел да ја одбрани титулата, додека најтрофејниот европски клуб Барселона брка рекордна 12-та шампионска круна. Од друга страна, Фуксе Берлин и Алборг ќе се обидат да направат изненадување и да стигнат до својот прв историски трофеј во ова натпреварување.
Големото финале и натпреварот за третото место се закажани за утре (недела) во истите термини.
ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ:
15.00 – Магдебург – Фуксе Берлин
18.00 – Барселона – Алборг
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
