ВРЕМЕ Е ЗА ИСТОРИЈА: Почнува првото Светско клупско првенство

Од 14 јуни до 13 јули на програмата е Светското клупско првенство 2025 година. Турнирот ќе се одржи во САД, во 11 градови на 12 стадиони. Тоа ќе биде 21. издание на ова натпреварување, но историско прво во проширен формат со 32 клуба.

Учествуваат екипи од сите шест фудбалски конфедерации: Европа (УЕФА), Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), Азија (АФЦ), Африка (КАФ), Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ) и Океанија (ОФЦ).

Европа има најмногу претставници. Вкупно 12 екипи – ова се победниците од претходните четири сезони од Лигата на шампионите (2021-2024) и најдобро рангираните екипи по учинок во Лигата на шампионите во наведениот период, со напомена дека можат да учествуваат најмногу два клуба од една земја.

За жал во ова прво историско издание Македонија нема да има ниту еден претставник. Турнирот ќе почне со дуелот меѓу Интер Мајами на Лео Меси и Ал Ахли во два часот по полноќ по македонско време.

Се вчитува...