Време е за крај на негативната низа: Од Израел нека почне нов позитивен тренд (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Капитенот Горан Пандев и играчот за врска Аријан Адеми го одработија официјалниот тренинг во базата во Ашдод и треба да бидат подготвени за настап на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во Бер Шева. Имаат болки и двајцата, но лекарскиот тим ќе стори се за да ги оспособи за настап од самиот старт. Последниот збор ќе го имаат самите фудбалери и селекторот и заеднички ќе одлучат како е најдобро, дали да бидат стартери или да се вклучат во текот на мечот, со оглед дека следи и втор дуел за четири дена против Летонија во Рига.

По двата порази против Полска и против Австрија, македонските фудбалери имаат големи мотиви да стават крај на негативната низа и по две години повторно да слават во Израел. Минатиот дуел беше во Хаифа, сега ќе се надигруваат во Бер Шева.

 

Се вчитува...