Време е за НБА плеј-оф: Познати сите четвртфинални двојки на Истокот и на Западот

Изминатава ноќ беа одиграни и последните натпревари од лигашкиот дел во НБА сезона, по кои познати се сите двојки од првата рунда во плеј-оф разигрувањето на Истокот и на Западот.

Од 2016 година пресуден фактор околу одредувањето на предноста на домашен терен не е повеќе вкупниот број победи и порази, односно пласманот на табелата, туку прво меѓусебниот скор во текот на сезоната меѓу двата ривали, а потоа доколку е израмнето (2-2) дали некој тим ја освоил дивизиската титула.

Само во големото финале прво мерило за одредување на предноста на домашен терен ќе биде пласманот на вкупната табела.

Првите натпревари на стартот од плеј-офот се играат на 15. април, а веќе е познато дека големото финале ќе стартува на 1. јуни.

Плеј-офот ќе се игра до четири победи по системот (2-2-1-1-1), а во следната рунда ќе се сретнат победниците од сериите 1-8 со 4-5, односно 2-7 со 3-6.

ДВОЈКИ – НБА ПЛЕЈ-ОФ (прва рунда)ИСТОК(1) Бостон – (8) Чикаго(4) Вашингтон – (5) Атланта(3) Торонто – (6) Милвоки(2) Кливленд – (7) ИндијанаЗАПАД(1) Голден стејт – (8) Портланд(4) ЛА Клиперс – (5) Јута(3) Хјустон – (6) Оклахома(2) Сан Антонио – (7) МемфисКОНЕЧЕН ПЛАСМАН ПО РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛИСТОКБостон 53-29Кливленд 51-31Торонто 51-31Вашингтон 49-33Атланта 43-39Милвоки 42-40Индијана 42-40Чикаго 41-41ЗАПАДГолден стејт 67-15Сан Антонио 61-21Хјустон 55-27ЛА Клиперс 51-31Јута 51-31Оклахома 47-35Мемфис 43-39Портланд 41-41

Се вчитува...