Време е за пензија: Фијаско на Буфон на последниот меч за ПСЖ (видео)

Џанлуиџи Буфон имаше кошмарно простување од ПСЖ по катастрофалниот настап на гостувањето против Ремс. „Светците“ ја заокружија сезоната со пораз од 3-1, а Буфон немаше свој ден, првиот гол го прими низ нозе од „мртов агол“, вториот по средина од голот со шут од работ на шеснасетникот, а при третиот погодок ветеранот беше истрчан на половина терен, по што Ремс во судиското продолжение ја запечати победата.

Ако на ова се додаде и очајниот настап на Буфон на реваншот со Манчестер Јунајтед, на кој ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите, јасно е зошто францускиот првак нема да ја продолжи соработката со италијанскиот ветеран.

Буфон неодамна изјави дека сака да продолжи да брани во клуб што е дел од Лигата на шампионите, но со вакви настапи, јасно е дека тој е многу поблиску до пензионирање отколку до нов трансфер.

Се вчитува...