Време е за семејство – поранешната „вардарка“ му кажува збогум на ракометот

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ (сега со презиме Кобетиќ) објави дека на крајот од сезонава ќе му каже збогум на професионалниот спорт.

„Минатата сезона најавив дека ќе се збогувам, но успеаја да ми го сменат мислењето. Без разлика како играм, ова ќе ми биде последна кариера, не затоа што сум добра или слаба, туку затоа што сакам нов начин на живот, семејство што ќе го градиме со мојот сопруг. Би било убаво да му помогнам на Сиофок во ЛШ, но тоа нема да се случи. Ова дефинитивно ќе биде крај за мене, нема да го сменам ставот“, изјави Пенезиќ, која лани го освои ЕХФ-купот со унгарскиот тим.

Андреа Пенезиќ пристигна во Вардар во 2014 година од редовите на Крим, останувајќи во таборот на „црвено-црните“ се до 2018 година и пропаѓањето на овој проект во македонскиот женски ракомет. И покрај одличните игри во дресот на ЖРК Вардар, таа не успеа да стигне до титулата европски првак, губејќи ги финалињата во 2017 и во 2018 година.

Се вчитува...