Време е за збогум – Кими Раиконен објави дека на крајот на сезоната заминува во пензија (ВИДЕО)

Еден од најдобрите возачи во Формула 1 шампионатот во последните 20 години, Финецот Кими Раиконен објави дека по крајот на сезоната заминува во пензија.

„Toa е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука што ја направив во текот на минатата зима. Тоа не беше лесна одлука, но по оваа сезона време е за нови работи. Иако сезоната сe уште трае, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, на сите мои тимови, на сите вклучени во мојата тркачка кариера и особено на сите вас, одлични фанови кои навивавте за мене цело ова време. Формула 1 може да заврши за мене, но има многу повеќе во животот што сакам да ги доживеам и да уживам. Се гледаме после сето ова! Со почит Кими“, напиша Финецот на инстаграм. 

Кими Раиконен дебито во најбрзиот циркуз го имаше пред точно 20 години во 2001. Единствената титула ја освои во 2007 година, а по крајот на сезоната 2009 се одлули да направи мала пауза па следните две години беше дел од Светскиот рели шампионат. Својот кам-бек во Формула го имаше во 2012 година.

Се вчитува...