Време е за збогум – Легендарниот Василис Спанулис стави крај на кариерата

Легендарниот грчки кошаркар, Василис Спанулис стави крај на богатата кошаркарска кариера. Тој на својот инстаграм профил се заблагодари на целата организација на Олимпијакос, но и на фановите за безрезервната поддршка.

Спанулис од 2010 беше дел од Олимпијакос со кој двапати ја освојуваше Евролигата тим од кој беше дел и нашиот Перо Антиќ. Инаку во 2009 година славеше во елитното европско натпреварување и со Панатинаикос.

Со репрезентацијата на Грција има злато од Европското првенство 2005, сребро од Светското првенство во 2006 година.

 

 

Се вчитува...