Еден од најголемите американски тениски стручњаци Рик Мачи, кој е поранешен тренер на сестрите Вилијамс, вели дека времето на Рафаел Надал е поминато и затоа неговите фанови не треба еуфорично да го чекаат евентуалното негово враќање на терените.
Американскиот тренер е убеден дека Шпанецот нема да биде кандидат за освојување на ниту еден грандслем турнир следната година, па дури ниту неговиот омилен Ролан Гарос. Надал се очекува да се врати на терените во јануари, на Австралија Опен, по проблемите со повредата на колкот.
„Како стареете ја губите подвижноста и порди тоа противниците повеќе не ви се плашат, затоа што знаат дека сте ранлив. Тоа ќе биде голема пречка за Надал, и затоа мислам дека неговото време е веќе завршено што се однесува до освојување на големите турнири“ – вели поранешниот тренер и на Енди Родик и Марија Шарапова.
„Му посакувам секако се најдобро на Рафа, но тој повеќе никогаш нема да биде на нивото на кое беше порано и затоа не верувам дека може да дојде до било како трофеј. Неговите навивачи не треба да се надеваат не некои чуда“ – вели Мачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА