„Врие“ пред сала, се верува во титула, и Унгарците ќе навиваат за Вардар

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Како што се приближува почетокот на дуелот меѓу Вардар и ПСЖ, така се „пожешка“ е атмосферата на трибините и крај „Ланксес арена“. Македонските навивачи на крилата на вчерашниот триумф над Барселона очекуваат нова историска победа и искачување на врвот на Европа, а покрај од „црвено-црните“ фанови избраниците на Раул Гонзалес ќе ја имаат поддршката и од голем дел од унгарската публика.

Илјадници фанови на Веспрем ќе бидат присутни во „Ланксес арена“ за големото финале, а во ситуација кога нивниот тим беше елиминиран токму од ПСЖ, јасно е зошто нивните симпатии ќе бидат кон македонскиот шампион.

Тие не беа подобри од нас, но победија во полуфиналето. Затоа, не можеме да ги бодриме во битката за трофејот“ – коментираа дел од унгарските фанови пред салата, потоа во хор пеејќи со Македонците „Ајде, ајде, ајде Вардаре …“

vardarci3 vardarci2

ungarci

Се вчитува...