Врие во Барса: Јасикевичиус го избрка Калиниќ среде натпревар (видео)

Барселона повторно инвестираше сериозна сума во кошаркарскиот тим, а резултатите се далеку под очекувањата. Тренерот Јасикевичиус го чувствува притисокот и се почесто влегува во конфликти со кошаркарите, но ситуацијата кулминираше на синоќешниот дуел со Анадолу Ефес, на кој Литванецот среде натпревар го избрка кон соблекувалната Никола Калиниќ.

Јасикевичиус ги загуби нервите откако неговиот тим се најде во негатива, па на клупата влезе во конфликт со српскиот репрезентативец. Калиниќ очигледно му врати нешто на тренерот, по што Литванецот уште повеќе збесна и го испрати својот кошаркар кон соблекувалните во арената во Истанбул.

„Никола покажа непочитување кон екипата, тоа е нешто што ќе го решаваме внатре во клубот“, изјави Јасикевичиус по натпреварот.

Се вчитува...