Резултатската криза на Наполи уште повеќе се продлабочи со синоќешниот убедлив пораз од 6-2 на гостувањето против ПСВ Ајндховен.
Елиф Елмас повторно не доби шанса каква што заслужува и одигра само шест минути во период кога победникот беше решен, а македонскиот „дијамант“ не е единствениот што е незадоволен од улогата што ја има во тимот. Прв кој реши гласно да проговори на темата е Ноа Ланг, одличниот офанзивец кој летово дојде токму од ПСВ и требаше да биде големо засилување, но како и Елмас останува „бетониран“ на клупата за резерви.
„Не знам што повеќе треба да направам за да бидам во првата постава. Тоа е се што ќе кажам, подобро за сите е да не продолжам на оваа тема“, изјави Ланг разочарано по синоќешниот меч на кој доби дури триесетина минути да ги покаже своите квалитети и беше меѓу најдобрите на теренот.
Следеше и прашање од новинарите дали разговарал со тренерот Антонио Конте за проблемот.
„Зборувавме само еднаш и тоа е тоа“, кратко одговори Ланг.
Со оглед на карактерот на трофејниот стратег, оваа изјава нема да му донесе ништо добро на холандскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

