„Врие“ во Париз: Мбапе му се налути на себичниот Нејмар

Кога ќе се соберат толку многу ѕвезди на едно место како што тоа го направи ПСЖ летово, секојдневните проблеми стануваат неизбежни.

Тренерот Покетино влезе во војна со Меси кога реши да го повлече од игра на дуелот со Лион, голманот Донарума е незадоволен што му грее клупа на Кејлор Навас, а на вчерашниот меч со Монпелје во конфликт влегоа двајцата напаѓачи, Килијан Мбапе и Нејмар.

Мбапе не го криеше незадоволството од себичноста на Бразилецот, уште повеќе што токму Мбапе беше повлечен од игра во второто полувреме, а Нејмар остана на теренот до самиот крај.

Иако Мбапе беше заменет во 88. минута, тој веднаш им се пожали на соиграчите дека Нејмар воопшто не му додавал иако се наоѓал во добри позиции за постигнување на гол.

Се вчитува...