Лео Меси не само што не успеа да го пренесе „убиствениот“ инстинкт во дресот на ПСЖ, туку изгледа и премногу незаинтересирано на теренот. Така беше и на дуелот со Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на Шампионите каде соиграчите мораа да му викаат сред натпревар.
Имено при контра напад на „кралевите“, дефанзивецот Данило мораше да направи прекршок за жолт картон над Винициус Џуниор бидејќи моменти порано Меси без никаква реакција во одбраната дозволи Бразиелцот да го помине, нешто што не му се допадна на португалскиот репрезентативец.
Danilo fou de rage contre Messi qui ne revient pas défendre après la perte de balle 😳
📽 @RMCsport pic.twitter.com/kslc0EkMa3
— M|Miotto (@Maxmiotto_) February 20, 2022
Меси по натпреварот беше критикуван за промашениот пенал од страна на француските медиуми, а по појавување на оваа снимка и за пристапот на натпреварот па јасно е дека работите се далеку од идеални кај „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА