Врие во ПСЖ: Тухел го избриша Мбапе

Катастрофалниот пораз од Лил тотално ја наруши атмосферата во таборот на ПСЖ, а тренерот Томас Тухел реши бесот да го истури врз Килијан Мбапе. Причината – жестоките критики кои младиот фудбалер по мечот ги упати кон целиот тим, изјавувајќи дека „светците“ играле како почетници и целосно заслужиле таков конечен исход.

Германецот смета дека неговите фудбалери не треба да даваат такви изјави, а како санкција решил да го отстрани Мбапе од тимот за денешниот дуел со Нант. По вчерашната информација дека Мбапе нема да игра со Нант, француските медиуми денеска обелоденуваат дека голгетер воопшто не е повреден, туку е дисциплиниран од страна на Тухел.

Со ова германскиот стратег се обидува да наметне авторитет, но и си создава дополнителни проблеми бидејќи војна со ѕвездите на ПСЖ многу лесно може да доведе и до тренерска смена на „Паркот на принцовите“.

Особено доколку се влезе во серија на порази, а против Нант на „светците“ нема да им биде нималку лесно, ако се знае дека покрај Мбапе за францускиот шампион нема да играат ниту Нејмар, Кавани, Ди Марија, Муние, Маркињос и Тијаго Силва.

Се вчитува...