Врсаљко доаѓа на позајмица во Интер

Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко во претстојната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Интер. Раководството на „нероаѕурите“ ги договори сите детали со Атлетико Мадрид и со самиот фудбалер за едногодишна позајмица, со клаузула и за комплетно откупување на договорот.

Интер на Атлетико Мадрид за позајмицата ќе му плати 8 милиони евра, а по завршувањето на сезоната ќе има и опција да го откупи за дополнителни 17 милиони евра. Хрватот во наредните неколку дена ќе допатува во Милано да ги изврши лекарските прегледи и да стави потпис за верност со „нероаѕурите“.

Се вчитува...