Врвниот фудбал се враќа на сцена: Бундес-лигата го урива стравот од Covid-19

На крајот спортот секогаш победува. Фудбалот е многу повеќе од спорт, а Бундес-лигата е пионер во уривањето на стравот против Covid-19. Страшниот коронавирус во изминатите три месеци го покори светот, го замрзна спортот, но карантинот е веќе минато, а германските фудбалски клубови од денеска повторно се на сцената.

Германскиот шампионат продолжува со 26.коло, со големи безбедносни мерки и посебен протокол, без присуство на публика, но и тоа е голем чекор напред за враќањето на фудбалот на терените. Борусија Дортмунд во рурското дерби ќе го пречека Шалке 04 и се надева дека со триумф ќе се доближи до лидерот Баерн Минхен на еден бод негатива. Шампионот утре му гостува на Унион Берлин, а надежи за титулата се уште има и Лајпциг кој на домашен терен ќе игра против Фрајбург.

Роберт Левандовски е убедливо првопласиран на листата на стрелците во Бундес-лигата со 25 гола, пред Тимо Вернер (21), а на третата позиција е Џејдон Санчо со 14 погодоци.

Се вчитува...