ВТА нема да ги казни тенисерките кои ќе настапат на турнир во Русија

Иако не поддржува одржување на егзибицискиот турнир во Русија, играчите кои ќе учествуваат на турнирот нема да бидат казнети на никаков начин, соопштија од ВТА.

Второто издание на трофејот Северна Палмира ќе се одржи од 1. до 3. декември во Санкт Петербург и се очекува да настапат некои од најдобрите тенисери.

„Турнирот не е поврзан со ВТА ​​ниту пак ВТА го поддржува неговото одржување. Тенисерите се натпреваруваат на ВТА турнејата како независни договорни страни и имаат право да учествуваат на егзибициски турнири во вонсезона, по свој избор, без страв од санкции“, соопшти ВТА.

Според најавите на организаторите, на турнирот меѓу другите треба да настапат Јулија Путинцева, Анастасија Потапова, Вероника Кудерметова, Карен Хачанов, Роберто Баутиста Агут и Адријан Манарино, а од АТП се уште немаат официјална изјава.

Се вчитува...