ВТА: Поголема заштита за мајките од следната година

Тенисерките што стануваат мајки ќе имаат поголема заштита кога ќе се враќаат на турнирите соопшти ВТА. Од следната година, тенисерките кои се враќаат по бременост ќе можат да го користат пласманот на ВТА листата што го имале пред паузата како можност за влез на 12 турнири во период од три години.

Не е усвоено барањето на Серена Вилијамс, тенисерките да имаат и носителски статус ако тоа го заслужуваат според претходниот ранкинг, но ВТА ќе им гарантира дека нема да имаат дуели со носителските во прво коло на турнирот на кој што учествуваат.

Во моментов во тенисот се натпреваруваат неколку мајки меѓу кои и Серена Вилијамс и Викторија Азаренка.

 

Се вчитува...