Втора битка од финалето во македонската кошарка: МЗТ со 2-0 во серијата, или Пелистер до брејк!?

МЗТ Скопје и Пелистер вечерва од 19 часот во „Јане Сандански“ во Скопје ја продолжуваат финалната серија за титулата во Првата македонска кошаркарска лига. Во вториот натпревар од серијата, МЗТ Скопје ќе ја бара и втората победа која би го донела само на чекор од трофејот.

„Металците“, без сомнение, ја посакуваат петтата титула по ред и 11-та вкупно во историјата и јасно е дека ќе дадат се да дојдат до триумфот и денеска за водство од 2-0.

Но, факт е дека и кошаркарите на Пелистер одиграа одлично на двете досегашни гостувања во „Јане Сандански“, и и тоа како е противник кој секако може да смета на можноста за освојување на титулата. Со евентуален брејк вечерва, „пелистерци“ и тоа како ќе може поотворено да ја сонуваат првата титула во својата историја.

Вечерва, во исто време од 19 часот, е и вториот натпревар од серијата за третото место меѓу Работнички и ТФТ. Тимот од Градски парк води со 1-0 и во случај на триумф вечерва ќе ја освои бронзата оваа сезона.

Се вчитува...