ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница убедлива против Вардар Неготино

Во последниот натпревар од 19. коло во Втората лига – Исток, Брегалница убедливо славеше против Вардар Неготино со 4-0.

Штипјани победата ја најавија уште во првото полувреме со головите на Ристе Наумов во 7. минута од пенал, и на Никола Серафимов во 44. минута. Во вториот дел следеа уште два погодоци на „сините“, преку Иве Трифуновски од пенал во 84. минута и Лазе Илиев во 90. минута.

Со најновите три бода, Брегалница се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 37 бода, два помалку од третопласираниот Кожуф и пет помалку од второпласираниот Тиквеш.

Се вчитува...