Втора лига – исток: Иванов е „џокерот“ од клупата на Тиквеш

Фудбалерите на Тиквеш ја продолжија серијата добри настапи во Втората лига – исток, откако попладнево триумфираа на гостувањето против Саса со минимални 0-1. Димитар Иванов беше херојот на кавадарчани на оваа средба, тој влезе во игра во 56. минута на местото на Ризов, а шеесетина секунди подоцна ја смести топката во мрежата на противникот.

Победа го доби дуелот со Питу Гули со 2-1 благодарение на искусниот Гешовски, кој ги постигна двата погодоци за прилепскиот второлигаш.

Беласица триумфираше над Осогово со 3-0. Победата ја најави Милушев пред самиот крај на првото полувреме, за потоа во вториот дел печат на триумфот да стават Паноски и Мирчевски.

Кожув дојде до цел плен славејќи над Плачковица со 3-0, а победникот беше решен дури во последните 2о минути кога Костадинов, Терзиев и Танов се запишаа меѓу стрелците.

Натпреварот меѓу КитГо и Брегалница на програмата е утре.

Се вчитува...