ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Ниту еден гол на дерби дуелите во Пехчево и во Штип

Без ниту еден гол на двете дерби пресметки од 24. коло во Втората лига – Исток, по што растојанието меѓу водечките екипи е исто како и пред ова кола.

Кит Го беше подобар противник од Борец на дуелот во Пехчево, но домашните и покрај неколкуте одлични шанси не успеаја да ја затресат противничката мрежа. А, мрежите мируваа и на дуелот меѓу Брегалница и Тиквеш во Штип.

Сето тоа го искористи Кожуф кој со триумфот од 2-0 против Детонит јуниор се доближи до Тиквеш и Брегалница на табелата. Стрелци за победата не гевгеличани беа Мирче Попов и Лазар Пеев во второто полувреме од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

Кит Го – Борец 0-0

Брегалница – Тиквеш 0-0

Каменица Саса – Плачковица 2-1

Кожуф – Детонит јуниор 2-0

Вардар Неготино – Партизан Обршани 2-0

Се вчитува...