ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: „Петарда“ од Детонит за Партизан Обршани

Детонит јуниор славеше убедливо со 5-0 против Партизан Обршани во првиот натпревар од 23. коло во Втората лига – Исток.

Стрелци на головите за триумфот на радовишани беа Симевски во 7. и во 26. минута, Трајчевски стрелаше во 32. минута за 3-0, а последните два гола во вториот дел беа дело на Витан Јанев во 55. и во 71. минута.

Останатите натпревари од 23. коло во Втората лига – Исток се играат во сабота од 16 часот.

Се вчитува...