ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победи за Брегалница и Борец – продолжува битката за 2. место!

Штипска Брегалница и велешки Борец ја продолжуваат битката за втората позиција на табелата во Втората лига – Исток откако во 18. коло славеа против Каменица Саса односно Осогово.

Брегалница триумфираше против Каменица Саса со 2-0 со головите на Ристе Наумов во 13. минута и Стефан Мишев во 58. минута. Борец Велес, пак, славеше со 1-0 со голот на Роберт Коцев во 88. минута од средбата.

Победа од 2-0 запиша и Кожуф на средбата против Победа Валандово. Стрелец на двата гола за Кожуф беше Даниел Лазаровски.

Слободна во ова коло беше екипата на Тиквеш.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО

Беласица – Плачковица 3-0

Брегалница – Каменица 2-0

Борец – Осогово 1-0

Кожуф – Победа Валандово 2-0

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...