ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Стојков донесе победа за Осогово, Кит Го славеше со Питу Гули

Осогово ја запиша првата победа во новата сезона од Втората лига – Исток славејќи во 5. коло против прилепска Победа со 1-0.

Стрелец на единствениот гол за кочанци беше најновото засилување Аце Стојков кој погоди од пенал во 45. минута.

Кит Го запиша и втора едноподруго победа. Пехчевци триумфираа на гостувањето против Питу Гули со 1-2 благодарение на голот на Петар Најдов во 25. минута и автоголот на Соте Андреески во 47. минута, а за домашните погоди Аријан Селмани во 59. минута.

Јордан Серафимовски погоди во 79. минута за триумф на Беласица на гостувањето против Плачковица.

Минимална победа од 1-0 забележа и Кожуф против Каменица Саса со голот на Цветан Чурлинов во 64. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 5. КОЛО

Осогово – Победа 1-0

Питу Гули – Кит Го 1-2

Кожуф – Каменица Саса 1-0

Плачковица – Беласица 0-1

Брегалница – Тиквеш 0-1

Се вчитува...