ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Тиквеш убедлив против Детонит, Борец падна во Гевгелија

Тиквеш убедливо го совлада Детонит јуниор на домашен терен со 3-0 и го потврди учеството во баражот за пласман во прволигашка конкуренција. Ѓорѓи Мојсов во 13.минута го отвори резултатот, а во вториот дел погодија и Петар Најдов и Марјан Ристовски.

Борец, кој веќе и формално е нов прволигаш, загуби со 3-1 на гости против Кожув во Гевгелија. Емир Скендери, Цветан Чурлинов и Костадин Зајков стрелаа за Кожув, а Ѓорѓи Ѓорѓиев го постигна единствениот гол за гостите.

Брегалница ремизираше 2-2 против Плачковица, Саса Каменица со 3-0 беше подобра од Вардар Неготино, а вчера Кит Го со неверојатни 11-0 славеше против Партизан Обршани.

Се вчитува...