ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Убедливи победи на Кит Го, Тиквеш и Кожуф

Фудбалерите на Кит Го, Тиквеш и Кожуф запишаа убедливи победи во денешното 20. коло од Втората лига – Исток, славејќи со 3-0 против Детонит јуниор, Вардар Неготино односно Партизан Обршани.

И втор едноподруго натпревар пехчевци се расположени за игра, овој пат стигнувајќи до победата против Детонит со головите на Иван Настевски во 41. минута, Антонио Бујчевски во 75. минута и Мартин Димоски во 83. минута.

Тиквеш на гостински терен дојде до победа против Партизан Обршани со 0-3, со головите на капитенот Ѓорѓи Мојсов во првото полувреме и Ризов и Ташков во вториот дел.

Брегалница триумфираше на гостувањето против Каменица Саса со 0-1, со голот на Ристе Наумов во 75. минута.

Кожуф го победи Вардар Неготино со 0-3, благодарение на головите на Мартин Шишков во два наврати и Цветан Чурлинов, сите во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Каменица Саса – Брегалница 0-1

Плачковица – Борец 0-0

Кит Го – Детонит јуниор 3-0

Партизан Обршани – Тиквеш 0-3

Вардар Неготино – Кожуф 0-3

Се вчитува...