ВТОРА ЛИГА: Каменица Саса со гол во 84.минута извлече бод против Осогово во Кочани

Осогово и Каменица Саса одиграа натпревар без победник (1-1) во првиот меч од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Осогово поведе во 35. минута од средбата со погодокот на Тоше Манов и се наоѓаше пред триумф на дуелот, но гостите успеаја да израмнат во самиот финиш.

Каменица Саса до бодот дојде со голот на Андреј Симевски во 84. минута од натпреварот.

Останатите натпревари од 8. коло во ВМФЛ се играат утре со почеток од 14 часот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...