Денеска беа одигра пет натпревари од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Охрид продолжи со максималниот ефект по три досега одиграни натпревари, славејќи со 0-3 на гостувањето против Тетекс.
Кожуф ремизирајќи, 2-2, успеа да и откине бодови на фаворизираната Беласица, а Камјани славеше со 1-0 против Новаци, со голот на Адеми во 87. минута.
Еуромилк Горно Лисиче убедливо со 4-0 славеше против Шкупи.
За утре се закажани натпреварите Пелистер – Работнички и АП Брера – Македонија ЃП.
РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО
Тетекс – Охрид 0-3
Детонит Плачковица – Осогово 2-1
Еуромилк ГЛ – Шкупи 4-0
Камјани – Новаци 1-0
Кожуф – Беласица 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
