ВТОРА ЛИГА: Пелистер без проблеми со Беласица, Беса убедлива со Осогово (ВИДЕО)

Пелистер и Беса без апсолутно никакви проблеми дојдоа до првите пролетни победи во 16. коло од Втората македонска фудбалска лига чувајќи ги водечките две позиции на табелата во трката за прволигашка промоција.

Пелистер лесно со 3-0 славеше против Беласица со головите на Симеон Христов во 35. и во 45. минута како и на Бојан Спиркоски во 39. минута.

Идентично со 3-0 славеше и Беса против Осогово благодарение на головите на Филип Алексовски во 24. минута, Емир Скендери во 52. минута и Изаир Емини во 69.минута од средбата.

Детонит Плачковица неочекувано загуби со 2-0 на гостувањето против Вардар Неготино, па сега падна на третата позиција на табелата. Хасан Сунај во 72. минута и Флорент Османи во 83. минута беа стрелци на головите за победа на Вардар Неготино.

Скопје триумфираше против Каменица Саса на домашен терен со голот на Антонио Божиноски уште во 2. минута од натпреварот.

ВТОРА ЛИГА – 16. КОЛО
ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА 3-0
ТЕТЕКС – ПОБЕДА 0-0
АРСИМИ – НОВАЦИ 2-0
ОХРИД – БАШКИМИ 0-2
СКОПЈЕ – КАМЕНИЦА САСА 1-0
БЕСА – ОСОГОВО 3-0
КАРАОРМАН – КОЖУФ 1-0
ВАРДАР НЕГОТИНО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-0

Се вчитува...