Втора лига: Пелистер и Беса продолжуваат победнички, „кикс“ на Детонит

Денеска се одиграа натпреварите од 22. коло во Втората лига, во кое Пелистер и Беса ја продолжија победничката серија, додека кикс направи Детонит Плачковица губејќи од Башкими.

Беса со 3-0 го совлада тимот на Караорман, и го задржа првото место на табелата. Пелистер беше подобар од Вардар Неготино со 3-1. Башкими со 1-0 го совлада Детонит. Победа оствари и прилепска Победа со 2-1, додека Охрид беше подобра од Беласица со 2-1.

Осогово и Новаци одиграа без голови 0-0. 1-1 беше на натпреварите Арсими – Скопје и Тетекс – Кожуф.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...